Русија има тешкотии во снабдувањето со нафта
Откако беше погодена рафинерија на југот од земјата, претседателот Путин за првпат призна дека се соочуваат со извесен дефицит на гориво.

Русија се соочува со недостаток на нафта, откако Украина значително ги засили нападите со долг дострел врз руските воени индустрии и енергетски капацитети во последните месеци. Откако беше погодена рафинерија на југот од земјата, претседателот Путин за првпат призна дека се соочуваат со извесен дефицит на гориво.
„Русите, кои стојат во редови за бензин во различни региони на земјата, всушност можат да видат дека нивната „тридневна војна“ сега е во петтата година и достигна точка каде што дури и нафтена држава, бензинска пумпа, како што порано се нарекуваше Русија, сега се соочува со недостиг на бензин“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Последните напади предизвикаа долги редици на бензинските пумпи во Русија и ги поттикна властите во многу региони да воведат рестрикции на горивото. Според западните аналитичари, состојбата ги забави напорите на Москва на бојното поле, зголемувајќи го притисокот врз Кремљ да седне на преговарачка маса.
