ООН: Да запрат нападите меѓу Авганистан и Пакистан
Мисијата за помош на ООН тврди дека десетици луѓе биле убиени и повредени. Исламабад долго време го обвинува Кабул дека засолнува терористи, тврдење што талибанската власт го отфрла.

Обединетите нации повикаа на итен прекин на непријателствата и заштита на цивилите по ноќните напади на Пакистан во Авганистан. Мисијата за помош на ООН тврди дека десетици луѓе биле убиени и повредени. Исламабад долго време го обвинува Кабул дека засолнува терористи, тврдење што талибанската власт го отфрла.
„Продолжуваме да ги повикуваме сите страни да ги почитуваат своите обврски според меѓународното хуманитарно право и продолжуваме да нагласуваме дека цивилите и цивилната инфраструктура мора да бидат заштитени во секое време“, изјави Стефан Дујарик, портпарол на ООН.
Авганистан и Пакистан во октомври изминатата година постигнаа договор за прекин на огнот по неколкунеделните жестоки судири. Сепак и овој договор подоцна пропадна.
