Монако

Експлозија во Монако, петмина повредени

30.06.2026 12:34

Експлозија го потресе Монако, откако осомничен маж оставил торба со бомба пред зграда, во близина на француската граница...

Експлозија го потресе Монако, откако осомничен маж оставил торба со бомба пред зграда, во близина на француската граница. Украински олигарх се бори за живот, а повредени сè уште четворица.

Напаѓачот наводно бил снимен на надзорни камери, пред пеш да побегне од местото на настанот, упатувајќи се кон Франција.

Принцот на Монако, Алберт Втори, го опиша инцидентот како „грозоморно злосторство“ и шок за целата заедница. Властите велат дека ова е првпат во историјата да биде забележан ваков напад во кнежевството.