Одбрана

Командантот на Сојузничките сили на НАТО за Европа во посета на Армијата на Македонија

30.06.2026 10:57

Утре генералот Гринкевич во присуство на генералот Лафчиски ќе ги посети припадниците на Армијата на настан што ќе се реализира во касарната „Илинден“ во Скопје.

Командантот на Сојузничките сили на НАТО за Европа (SACEUR), генералот Алексус Г. Гринкевич (Alexus G. Grynkewich) денеска во Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата ќе оствари средба со министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

Генералот Алексис Г. Гринкевич како командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа (SACEUR), ја има севкупната команда над операциите на НАТО на стратегиско ниво и своите должности ги извршува од седиштето на Врховната команда на сојузничките сили во Европа (SHAPE) во Монс, Кралството Белгија, се вели во сооштението од МО и ГШ на Армијата.

Согласно програмата за посета, утре генералот Гринкевич во присуство на генералот Лафчиски ќе ги посети припадниците на Армијата на настан што ќе се реализира во касарната „Илинден“ во Скопје.