Битола

Пелагониските сточари на протест, бараат исплата на субвенции

30.06.2026 15:20

Пелагониските земјоделци и сточари со протест, бараат исплата на заостанати субвенции за млеко, грло добиток и пченица, како и повисоки откупни цени на млекото. Премија немаат земено за една година.

Сточарите од здружението „Пелагониско поле“, го искажаа својот револт преку протест пред подрачната единица на ресорното министерство, бараат итна исплата на заостанати субвенции и повисока откупна цена за млекото.

На протестот беше истакнато дека сточарството и земјоделието се во колапс, одгледувачите на стока, имаат итна потреба за исплата на субвенциите за предадено литар млеко, грло добиток и предаден килограм пченица

Во прашање е доведен и откупот на млеко, кое како што велат сточарите за шест месеци од 32, падна на 24 денари, а главното прашање е и дали истото ќе им биде откупено. Како резултат на лошите политики сточниот фонд за десетина години е намален за 60 проценти.

Пред стартот на жетвата дополнителен проблем е што и пченицата нема заштитна цена, земјоделците не можат да почнат со жетва затоа што откупните центри сè уште не вршат откуп

Сточарите бараат решавање на сите проблеми со кои се соочуваат земјоделците в о рок од две недели, во спротивно најавуваат генерален штрајк во Скопје.

Александра Максимовска