Богов: Депозитите со стабилен и континуиран раст
Се очекува таквиот тренд да продолжи и во наредниот период со годишна стапка на раст од 10 проценти...

Депозитите во банките во Македонија растат континуирано. Се очекува таквиот тренд да продолжи и во наредниот период со годишна стапка на раст од 10 проценти, изјави гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов, кој денеска учествуваше на форумот на небанкарски финансиски институции кои прифаќаат јавни депозити организиран од Штедилницата ФУЛМ.
Тој додаде дека според последните податоци растот на депозитите е 8%.
„Македонија и во иднина може да задржи годишна стапка на раст на депозитите од 10 отсто“, нагласи Богов.
Штедилниците опфаќаат само еден процент од целиот финансиски сектор или 2,5 проценти од населението штеди или зема кредити од нив. Штедилниците во Македонија во моментов работат само со население и нудат услуги само на физички лица.
