МВР

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без возачка дозвола

30.06.2026 20:00

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи кои управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник и двајца возачи кои возеле под дејство на алкохол...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи кои управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник и двајца возачи кои возеле под дејство на алкохол, информираат од МВР.

Три лица во Битола, две лица во Прилеп (еден малолетник), две лица во Скопје и по едно лице во Ропотово, Кичево, гостиварско, Гостивар и Ресен. На возачот во Ресен му биле измерени и 0,92 промили алкохол во крвта. Под дејство на алкохол, исто така, возеле по едно лице во Кратово и Македонска Каменица. Возачот во Кратово претходно предизвикал сообраќајна незгода, односно со возилото кое го управувал удрил во паркирано товарно возило. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

МВР со апел до сите учесници во сообраќајот, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол.