Хируршки клиники

Хируршките сали и климатизацијата повторно функционални

30.06.2026 16:49

Сите хируршки сали во клиничкиот центар се функционални. Се третираат пациентите вклучително и елективни оперативни зафати. Министерството за здравство најде бекап решение, додека непристигнат деловите од Италија, за системот за разладување. Опозицијата претходно со обвинувања здравјето на граѓаните е доведено во прашање.

Хируршките сали се функционални, непречено се третираат пациентите и итните, но и веќе закажаните операции, информираат од министерството за здравство потенцирајќи дека нема одложување на оперативната програма. Резервниот систем за климатизација функционира и обезбедува соодветни услови за работа и третман на граѓаните. Министерот за здравство Алиу денеска од Куманово информираше дека се работи за целосно решавање, а сервисерот веќе побарал и се чекаат да пристигнат делови од Италија.

„Работиме во моментот кога бевме известени веќе технички кадар е дел од таа клиника и работи најдовме бекап решение. Таму веќе се работи моменталната состојба не е тоа што треба да биде, чилерите не се сменети бидејќи треба да бидат импортирани од Италија, но бекап варијанта за да може соодветно да се даваат здравствените услуги и тоа е функционално“, истакна министерот.

СДСМ претходно обвини власта и министерството не можат да обезбедат елементарни услови за функционирање на здравствениот систем.

Алиу од Куманово информираше дека е при крај постапката за набавка на стоте амбулантни возила. Најдоцна до следната седмица истата треба да заврши, по што ќе се распределат до здравствените установи ширум државата. Во план е да се набават уште 50 возила со поддршка на Европската унија.

Елена Георгиевска