Здравство

Корупцијата останува сериозен предизвик во здравството

30.06.2026 17:11

Пари за побрз преглед, подарок за болнички кревет, врски за операција без ред. Иако здравјето не би требало да има цена за жал корупцијата сè уште отвора врати во македонското здравство.

Кога болката не може да чека, некои плаќаат за да стигнат побрзо до лекар. Пари за побрз преглед, подарок за болнички кревет, врски за операција без ред. Иако здравјето не би требало да има цена за жал корупцијата сè уште отвора врати во македонското здравство. Повеќе од 74 проценти од оние кои имале лично искуство велат дека најчеста форма е директно давање или барање пари.

Неформални плаќања за гинеколошко – акушерски здравствени услуги. Со поткуп во повеќе од 50 отсто од случаите се „купува“ породување со царски рез без медицинска индикација, како и изборот на конкретен гинеколог или тим за породување. Секој 5 ти здравствен работник слушнал и за случаи кога била барана или очекувана интимна услуга во замена за здравствена услуга, документ или напредување во кариерата.

Корупцијата е еден од најголемите болести на здравствениот систем а самите здравствени работници ја препознаваат како сериозен проблем, сепак само 7% од оние кои имале сознанија за вакви случаи пријавиле.

Ана Јосифоска