Изборниот законик под закана од блокада
Измените на Изборниот законик соочени со блокада. Опозицијата подготви илјадници амандмани, власта обвини за кочење на реформите...

Измените на Изборниот законик соочени со блокада. Опозицијата подготви илјадници амандмани за да спречи носење на решението, сомневајќи се во подготовка на изборен инженеринг.
Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија за блокирање на реформите, бидејќи Изборниот законик е дел од европскиот пакет и е потребен за адресирање на забелешките на ОБСЕ/ОДИХР. ВМРО-ДПМНЕ ја повика опозицијата, наместо да се служи со филибастеринг да предложи амандмани и консензуално да се донесат измените.
СДСМ најави дека со илјадници амандмани ќе го блокира Изборниот законик.
„Тоа не го правиме во страв од успесите на владата, туку за да спречиме изборен грабеж“, рекоа социјалдемократите откако премиерот Мицкоски ги обвини за кочење на европскиот пат.
Блокада најави и „Левица“, а ДУИ повика на политички и етнички консензус за правилата на игра за изборите.
„Вреди“ ја повика опозицијата да се вразуми за добро на државата.
Измените на Изборниот законик, меѓу другото, предвидуваат можност за електронско гласање на дијаспората. Консензус за една изборна единица, не беше постигнат.
Игор Панов
