Македонија

Јакимовски в четврток нема да влезе во Шутка, судот ја проверува медицинската документација

30.06.2026 16:09

Од Кривичен објаснуваат дека влегувањето во затвор се одложува додека не се донесе одлука. Судија за извршување санкции веќе ја побарал медицинската документација, но засега не добил одговор од двете приватни здравствени установи.

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски на 2 јули нема да влезе во затворот во Шутка. Тој поднел барање за одложување на издржувањето на казната поради здравствени причини.

Од Кривичен објаснуваат дека влегувањето во затвор се одложува додека не се донесе одлука. Судија за извршување санкции веќе ја побарал медицинската документација, но засега не добил одговор од двете приватни здравствени установи.

Со пресуда на апелација, Јакимовски е правосилно осуден на една година затвор за незаконска изградба на бараките каде беше сместена општинската администрација. Тој во куќен притвор помина пет месеци, му остануваат уште седум.