Политика
Вечер детали за владината реконструкција
30.06.2026 17:09
Вечерва ќе биде позната распределбата на ресорите и имињата на оние кои ги напуштаат и на оние кои седнуваат во фотелјите на „Илинденска“...

Денеска е „денот д“ за владината реконструкција. Вечерва ќе биде позната распределбата на ресорите и имињата на оние кои ги напуштаат и на оние кои седнуваат во фотелјите на „Илинденска“. Се очекува премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по седницата на Извршниот одбор на партијата да ги соопшти информациите.
Борис Грујоски е пред седиштето на владејачката партија.
