Димитриевски: ЗНАМ ќе раководи со Министерството за земјоделство, за министер го предлагаме Борче Серафимовски
Претседателот на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, попладнево на прес-конференција потврди дека партијата со владината реконструкција ќе го добие ресорот Земјоделство, шумарство и водостопанство, во замена за Министерството за правда, со кое досега раководеше Игор Филков од ЗНАМ.

На министерската позиција во Земјоделство, како што најави Димитриевски, ќе биде предложен Борче Серафимовски, кој е актуелен државен секретар во ова министерство.
Министерството за јавна администрација и натаму ќе го води Горан Минчев, кој исто така е кадар на ЗНАМ.