Продолжува судењето за судијата Ристов
Во Кривичен денеска продолжува судењето на апелацискиот судија Ѓоко Ристов кој се товари за свесно прикривање на имотната состојба како и за перење пари. Обвинетиот судија Ристов сè изјасни дека не се чувствува виновен. Според Обвинителството, судијата Ристов свесно презел дејствија спротивно на одговорноста на која го повикува судската тога...

Во Кривичен денеска продолжува судењето на апелацискиот судија Ѓоко Ристов кој се товари за свесно прикривање на имотната состојба како и за перење пари. Обвинетиот судија Ристов сè изјасни дека не се чувствува виновен. Според Обвинителството, судијата Ристов свесно презел дејствија спротивно на одговорноста на која го повикува судската тога. Противправно стекнал и не пријавил 450 просечни плати во ѕид или 350.000 евра. За одбраната целиот случај е како холивудско сценарио каде што се користи емотивен наратив кој ја подгрева јавноста.
На претходното рочиште, Обвинителството ја почна доказната постапка против апелацискиот судија, Ѓоко Ристов. Во судницата пуштена снимка од претресот во семејната куќа во Неготино, каде што обвинителите најдоа 350 илјади евра зад кујнските плочки.
Одбраната побара присуство на вештакот кој ги изготвил наодите за биолошките траги и доказниот материјал, бидејќи според нив доказите се контаминирани и тоа ќе го докажат во постапката.
