Ставрески: Финансиските зони позитивни за економскиот раст

24.09.2014 14:40

Ќе се формираат по терк на Луксембург каде 25 насто од БДП создаваат вакви финансики услуги што отвориле 44 илјади работни места...

Финансиските зони ќе бидат центар за креирање на нови работни места, привлекување странски капитал и можност Република Македонија да се етабилира на финансиската мапа во Eвропа и Светот – вели вицепрмиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во интервју за Радио Слободна Македонија.

Ќе се формираат по терк на Луксембург каде 25 насто од БДП создаваат вакви финансики услуги што отвориле 44 илјади работни места.

„Сметководителите, правниците, адвокатите во Луксембург се многу скапи или во земјите кадешто има вакви центри. Од тие причини ние сметаме дека  ќе имаме квалификувани луѓе кои знаат банкарство, знаат право, знаат економија, коишто можат да работат во овие институции, а да им понудиме и поволни даночни услови како што нудиме на странските инвеститори, и на тој начин да привлечеме странски инвестициски банки, инвестициски фондови, да го пренесат капиталот во Македонија“, рече Ставрески во интервјуто.

Вицепремиерот потврди дека компаниите што ќе работат во финансиската зона нема да им бидат конкуренција на домашните компании од финансиската индустрија.

„Она што е во Македонија, што планираме да го направиме се разликува во тој дел што ќе има реална активност во овие зони- оние компании кои што ќе работат тука нема да се конкуренција на домашните банки или фондови, бидејќи ќе имаат обврска сета активност да им е насочена кон странство“, нагласи Ставрески.

Вицепремиерот Ставрески истакна дека се работи за еден таков систем во кој ќе бидат аплицирани сите меѓународни стандарди кога станува збор за квалитетот на капиталот и почитувањето на договорите.