Се бара билет повеќе
Финално одбројување пред отворањето на ракометната Лига на шампионите. Атмосферата се подгрева на безброј начини, а еуфоријата тргна уште со пуштањето на влезниците во продажба.
Се бара билет повеќе а на релација север – југ работите се различни особено ако темата се хартиите од вредност и стандардот. Некаде влезот е поскап, некаде поевтин а има и без пари.
Но, на Балканот за ракометот и особено за натпреварите од престижната конкуренција тоа и не е многу битно. Тие имаат посебна димензија особено кога на жешкото спортско тло пристигнуваат великаните.

Викендов во Скопје на македонскиот првак Металург му гостува моменто најбогатиот клуб на денешницата ПСЖ. Престолнината на Хрватска и екипата на ППД Загреб со новиот предводник Веселин Вујовиќ, ќе го пречекаат германскиот џин Кил, заедно со Барса една од двете ракометни супер сили.
Ѕвездениот состав на Вардар патува во Цеље на мегдан на незгодниот словенечки 18-ет кратен шампион Пивоварна Лашко в сабота од 20.30 часот. Словенечките ракометните фанови кои ќе сакаат да ги видат амбициозните црвено-црни, покрај парите за пиво, ќе платат билет 10 евра ама ќе добијат два.
Во Загреб в недела од 19.30 часот, Кил ќе можат да го гледаат бесплатно ако навреме си подигнат влезници. На благајната еден човек може да добие најмногу шест карти.
И РК Металург ги објави цените на билетите за трибините на арената „Борис Трајковски“. Од 200 - 500 денари ( од 3 до 8 евра ), е ракометното задоволство од ЛШ, Металург-ПСЖ, в недела од 19 часот.