МВР
Лишен од слобода крадец во Неготино
01.07.2026 20:01
Вчера во 08:35 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода И.Д.(28) од Неготино...

Вчера во 08:35 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода И.Д.(28) од Неготино, поради сомнение дека на неколку локации во Неготино, со употреба на подесен алат оштетил кафемати и одзел пари од нив.
Дел од одземеното е пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот.
Известен е јавен обвинител и по документирање на настаните, против И.Д. ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштија од МВР.
