17 мигранти пронајдени во куќа во Желино

24.09.2014 15:18

Во куќа во тетовско Желино, полицијата пронашла 17 албански државјани кои престојувале нелегално. Тие се на возраст од 19 до 53 години. Шеснаесет од нив поседувале лични документи, а еден бил без документи.

Легалено влегле во нашата земја, но непријавено престојувале и работеле во Желино.

Сите биле приведени и задржани во тетовската полициска станица, а потоа биле предадени на отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.

Полицијата ги расветлува сите поединости поврзани со нивниот престој на подрачјето, по што тие ќе се соочат со законски предвидените санкции и ќе бидат депортирани во нивната матична земја.