Продолжен рокот за легализација на земјоделска механизација
По барање на земјоделците, Владата го продолжи рокот за легализација на земјоделските трактори и тракторските приколки до 31-ви декември годинава. Рокот, пак, за поднесување барања за регистрација ќе трае до 30-ти јуни идната година.
Барањата се доставуваат до судот кој ја опфаќа територијата на која живее лицето кое го поднесува барањето. Кон самото барање се доставува изјава заверена на нотар дека средството е стекнато на совесен начин, како и идентификациски број на самото средство.

По добивањето на барањето самиот суд издава предлог решение за легализација кое го испраќа до Министерството за земјоделство кое е должно во рок од три дена да го испрати до своите подрачни единици. Откако тие ќе го добија предлог решението, самите подрачни единици истото го поставуваат на огласна табла и доколку во период од 30 дена, некое лице не го оспори предлог решението, подрачната единица го известува судот, кој издава конечно решение за легализација, истакна портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.
Согласно законот, за нерегистрирана земјоделска механизација предвидени се глоби од 500 евра за физички и од 1.500 до 2.000 евра за правни лица.
Досега поднесени се над 25.000 барања за легалзација и над 15.000 барања за регистрација на трактори и тракторки приколки.