Економија

Поставен камен-темелник на „Лидл“ во Струмица

01.07.2026 18:03

Во Струмица почна да се гради петтиот продажен објект на германската компанија „Лидл“ која досега во земјава има инвестирано над 200 милиони евра. Инвестицијата во Струмица ќе значи и решавање на проблемот со пласманот на земјоделските производи, кажа вицепремиерот Александар Николоски...

Најголем бенефит од инвестицијата на „Лидл“ ќе имаат домашните земјоделци. Вака кажа вицепремиерот Александар Николовски на поставувањето на камен-темелник на новиот маркет на компанијата во Струмица, петти во земјава.

Маркетот во Струмица е дел од стратешкиот развој на германската компанија во земјава која досега во земјава има инвестирано над 200 милион евра, кажаа од „Лидл“.

Новата инвестиција во Струмица ќе значи и поттик на локалниот економски развој.

Маркетот во Струмица е 5-тиот што го гради „Лидл“ после Штип Гевгелија, Аеродром и Гази Баба и логистичкиот центар во Куманово.

Ване Трајков