Здравство

Собранието го усвои Законот за трансплантација

01.07.2026 17:07

Законот за трансплантација го помина собранискиот филтер. Граѓаните ќе можат кај матичниот доктор да се изјаснат дали се согласуваат да донираат органи. Законот ќе им помогне и на оние кои чекаат бубрег или црн дроб, да добијат здрав орган од некој член од нивното семејство.

Законот за трансплантација помина во Собранието, во иднина секој полнолетен граѓанин кај својот матичен ќе може да се изјасни дали би бил потенцијален донор на органи. Ако се премисли, неговата волја ќе биде нотирана, важечката одлука е последната евидентирана во системот.

Пристапот до податоци ќе биде ограничен и строго контролиран. Сите информации за евентуални злоупотреби се поради недоволна информираност.

Во моментот на листата за орган чекаат 200 пациенти, најголем број од нив чекаат бубрег.

Наташа Јанчиќ-Менковски