Очекување на бизнисот во 2014
Стабилизирање на пазарот, зголемување на побараувачката, но и на потребата за нова работна сила. Вака бизнисмените ја оценуваат 2013 година. Излезот на Европа од рецесијата предизвикал и раст на нашата економија. В година очекуваат поголем пласман.
„Во последните 2 месеци имаме зголемен број на вработени што укажува на тоа дека состојбата тука во компанијата е рапидно во позтива. За наредната година очекуваме дуплирање на целокупниот капацитет и извозот“, вели Ирена Јакимоска, бизнисмен.

„Беше релативно добра година, многу постабилна од претходните, јас лично очекувам во 2014 зголемување на побарувачката, а со тоа и на самото производство“, истакна Благоја Конески, бизнисмен.
Задоволни се и градежниците кои беа моторот за раст на македонскиот БДП.
„Задоволително и добро котира градежништвото во македонската економија, а за наредната година очекуваме дека ќе имаме и поголем пораст“, вели Роми Иваноска, бизнисмен.
Раст бележи и прехрамбената индустрија која постигнала поголем извоз.
„Најдобро се забележа во секторот извоз каде имавме зголемување на пласманот за разлика до македонскиот пазар“, потенцираше Влатко Трпаноски, бизнисмен.
Компаниите кои се занимваат од ИТ технологии и современа роботика велат дека и без Европа имале одлична година, бидејќи обезбедиле пазари на Далечниот Исток.
„Имавме пораст и во обртот од накаде 20 или 30 проценти, исто така имавме и зголемување на вработените. За текот на целата 2014 година веќе имаме склучено договори за работа“, изјави Самоил Самак, бизнисмен.
Оценката на сите бизнисмени е дека 2014, ќе биде година на зголемен раст на нашата економија.
Дарко Штаргоски