Политика

Мицкоски задоволен од предлозите на коалициските партнери

01.07.2026 19:36

Премиерот Христијан Мицкоски најавува нова фаза во работата на Владата, а кадровските промени наскоро ќе се најдат пред пратениците…

Заменикот на Љутков, Седат Сулејмани e новиот министер за култура, Филков ќе го наследи професорот по уставно право Јетон Шасивари, нов министер за односи меѓу заедниците е Агон Ферати, ова неофицијално се имињата на кадрите предложени од ВРЕДИ.

Од партијата не потврдуваат дека решенија се финални. ЗНАМ веќе објавија оти Борче Серафимовски ќе го предводи ресорот земјоделство. Премиерот Мицкоски задоволен од имињата кои ги предложија коалиционите партнери.

Промените во владиниот кабинет најдоцна до петок ќе бидат испратени до Собранието, а по расправата најдоцна до средината на јули се очекува да биде избран новиот состав на „Илинденска“ број два.

Премиерот Мицкоски веќе објави дека ВМРО-ДПМНЕ добива два нови ресори, здравство и социјална политика, со кои ќе раководат Клековски и Велковски. Перински од локална самоуправа се сели во Фондот за здравство. Него ќе го наследи Иван Стоилковиќ. Се укинува вицепремиерското место за добро владеење.

Во Владата влегува и Демократската партија на Турците. Нов министер без ресор, задолжен за спроведување на стратегијата за инклузија на Ромите ќе биде Ерџан Демир.

Првиот човек на Владата оцени дека реконструкцијата означува почеток на нова фаза од работата на извршната власт, исполнети со сериозни предизвици, поставување темели, стабилизација на состојбите и реализација на крупни проекти.

Викторија Милевска