Пороен дожд го парализира Скопје – пријавени поплавени домови и автомобили
Дожд, грмежи, поплавени домови и улици, проблеми во сообраќајот. По топлото утро, попладнево големо невреме го зафати главниот град. Екипите на јавните претпријатија мобилизирани, ќе интервенираат каде што е потребно, вели градоначалникот Ѓорѓиевски.

Без човечки жртви и поголеми материјални штети мина попладневното невреме во македонската престолнина.
Навременото предизвика проблеми на повеќе локации во главниот град, како поплавени патишта, оштетени семафори, паднати дрвја и откорнати делови од фасади.
Мобилизиран беше кризниот штаб на Градот Скопје, заедно сите надлежни служби, а на терен излезени се околу илјада вработени од јавните претпријатија, информира скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.
Македонската телевизија посети и семеен дом во скопската општина гази баба, кој заедно со подрумските простории, беше поплавен во невремето.
Од невремето беа зафатени сите делови од главниот град. Надлежните служби апелираат на внимателност.
Марија Котовска
