Премиерот Мицкоски во посета на Општина Неготино
Во рамки на посетата, претседателот на Владата ќе изврши и увид во тековните градежни работи за изградба на нов кружен тек на крстосницата што ги поврзува улиците „Маршал Тито“, „Партизанска“, „Даме Груев“ и „Христо Ботев“...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе престојува во работна посета на Општина Неготино, каде ќе присуствува на отворањето на реконструираната улица „29 Ноември“. Во рамки на посетата, претседателот на Владата ќе изврши и увид во тековните градежни работи за изградба на нов кружен тек на крстосницата што ги поврзува улиците „Маршал Тито“, „Партизанска“, „Даме Груев“ и „Христо Ботев“.
Како што најавија од владината прес-служба, предвидено е премиерот Мицкоски да се обрати пред медиумите и да даде изјава за тековните инфраструктурни активности.
