Киев под оган, разузнавањето навреме предупреди
Интензивните гранатирања предизвикаа гласни експлозии и го тресеа Киев со часови. Пријавени жртви и повредени од двете страни на реката Днепар. Украинските разузнавачки служби претходно предупредија дека Русија подготвува уште еден масовен напад...

Русија изврши голем напад врз главниот град на Украина со ракети и беспилотни летала во текот на ноќта. Интензивните гранатирања предизвикаа гласни експлозии и го тресеа Киев со часови. Пријавени жртви и повредени од двете страни на реката Днепар. Украинските разузнавачки служби претходно предупредија дека Русија подготвува уште еден масовен напад.
„Имаме многу непријатни информации за уште една руска подготовка за масовен напад. Ги замолувам нашите луѓе да бидат особено внимателни за да се заштитат себеси, своите семејства и деца“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Зеленски, исто така, истакна дека Путин одбива да ја заврши војната и покрај обидите на Украина преку официјални и неофицијални канали да му пренесе информации дека Киев е подготвен за значајни преговори.
