Потпишан договор за соработка во културата меѓу Македонија и Мароко

24.09.2014 15:54

Потпишан договорот за соработка во културата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Кралството Мароко. Договорот го потпишаа Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и амбасадорката на Кралството Мароко за Република Македонија, Латифа Акарбах, кои претходно имаа и работна средба.

„Досега сме немале некои заеднички проекти во културата и затоа се потрудивме да го направиме овој договор, се со цел да се востанови плодна и интензивна соработка, зашто културата спојува и поврзува.  Убедена сум дека договорот ќе востанови институционална рамка за соработка  на нашите институции од областа на културата со институциите од Кралството Мароко за да реализираме голем број значајни културни настани, да размениме проекти и соработка на нашите уметници“, рече Канческа-Милевска.

Мароканскиот амбасадор надлежен за Македонија, а со седиште во Софија, Латифа Акарбах, истакна дека инвестциите во културата се најдоброто што државите може да го направат затоа што со тоа ги зближуваат луѓето, ги прават поблиски, овозможуваат нивно подобро меѓусебно разбирање и запознавање.