Ангеловски нов тренер на Еурофарм Пелистер 2
02.07.2026 11:07
„Со своето искуство и неспорен квалитет сметаме дека Ангеловски е најсоодветен избор за оваа позиција“, се наведува во клупското соопштение.
Македонскиот ракометен суперлигаш Еурофарм Пелистер 2 го назначи поранешниот репрезентативец Бранимир Ангеловски за нов тренер.
49-годишниот Ангеловски претходно беше играч на Пелистер, а до неодамна и спортски директор и тренер на Еурофарм Пелистер.
„Со своето искуство и неспорен квалитет сметаме дека Ангеловски е најсоодветен избор за оваа позиција“, се наведува во клупското соопштение.
Официјалната промоција на Ангеловски на клупата на Еурофарм Пелистер 2 е најавена за крајот на јули.
