МВР

Претреси во демирхисарско: Пронајдени девет пушки, пиштоли и муниција, приведени четири лица

02.07.2026 19:23

Четири лица од демирхисарското село Обедник се лишени од слобода по полициски претреси во нивните домови, при што биле пронајдени девет пушки, два пиштола и поголема количина муниција. По документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Полициски службеници од ОВР Демир Хисар вчера привеле четири лица од селото Обедник, откако при претреси во нивните домови биле пронајдени оружје и муниција.

Како што соопшти МВР, во 10:10 часот биле лишени од слобода Е.Р. (57) и Е.Р. (20). При претрес извршен со наредба од Основниот суд Битола, во нивниот дом биле пронајдени три ловни пушки, сигнален пиштол, 170 парчиња муниција од различен калибар, како и други предмети.

Претходно, во 09:45 часот, полициски службеници ги привеле и Р.М. (61) и Р.Ш. (35), исто така од село Обедник. При претрес во нивниот дом, спроведен по судска наредба, биле пронајдени пет пушки, пиштол и 38 парчиња муниција од различен калибар.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на настаните, против четворицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.