„Вреди“: Шасивари, Ферати и Сулејмани ќе раководат со трите нови министерства
„Вреди“ ја донесе одлуката за новите министри во владата на Мицкоски. За министер за правда е предложен универзитетскиот професор Јетон Шасивари, за министер за односи меѓу заедниците Агон Ферати, а за министер за култура и туризам е предложен Седат Сулејмани.

По синоќешната седница на претседателството, „Вреди“ ја донесе одлуката за новите министри во владата на Мицкоски. За министер за правда е предложен универзитетскиот професор Јетон Шасивари, за министер за односи меѓу заедниците Агон Ферати, а за министер за култура и туризам е предложен Седат Сулејмани.
Во владата остануваат Беким Сали како вицепремиер и министер за европски прашања, Бесар Дурмиши како министер за економија и труд, и Мухамет Хоџа како министер за животна средина и просторно планирање.
„Ова се професионални кадри кои носат нова енергија, одговорен пристап кон владеењето и посветеност во служба на граѓаните, со што се потврдува посветеноста на реформите, развојот и достоинственото застапување на интересите на граѓаните“, велат од „Вреди“.
