Прилеп

Во прилепска компанија со храна се затруле 41 работник

02.07.2026 15:08

Од прилепскиот Центар за јавно здравје, кој заедно со Санитарниот и здравствен инспекторат и со Агенцијата за храна и ветеринарство направија увид и вонреден надзор и во компанијата и во фирмата која вршела кетеринг услуги и ја доставувала храната...

Четириесет и еден вработен во прилепската компанија „Микросам“ имале симптоми на труење со храна по оброкот што го консумирале во понеделникот. Сите покажале средна клиничка слика со покачена температура, мачнини, дијареја, болки во стомакот. Засега никој не е хоспитализиран, туку добиле терапија и се на домашно лекување.

Од прилепскиот Центар за јавно здравје, кој заедно со Санитарниот и здравствен инспекторат и со Агенцијата за храна и ветеринарство направија увид и вонреден надзор и во компанијата и во фирмата која вршела кетеринг услуги и ја доставувала храната, информираат дека се затворени кујната во кетеринг-фирмата како и трпезаријата во прилепската компанија каде се консумирала храната.

Во Центарот за јавно здравје ги чекаат резултатите за видот и начинот на труењето и велат дека бројката можеби не е конечна, зашто изложени на труење биле 61 вработен од првата смена.