Прекршено примирјето во Доњецк
Прекршено примирјето меѓу проруските сепаратисти и владините сили. Минофрлачки напад е извршен во станбен блок во Доњецк во текот на ноќта.
Нападот доаѓа дури откако двете страни во конфликтот тврдеа дека ја повлекуваат тешката артилерија, за да се создаде тампон зона, пренесува Асошиејтед прес.
Сепаратистите известуваат за две жртви, додека од градското собрание немаат такви информации.
Примирјето беше склучено на 5 септември, а повеќе од 3.000 луѓе загинаа во конфликтот, кој започна во средината на април.