врсничко насилство

Повик за будење на општеството

02.07.2026 14:44

Психолозите и социолозите предупредуваат – последниот настан е само еден во низата кои претставуваат повик за будење на општеството...

Немањето трошка емпатија, изборот на толку понижувачки и насилен начин да си ги решаваат проблемите и да го изразуваат незадоволството и тоа цела група против еден од нив е алармантно за општеството во кое за жал лежи главната причина и за последниот случај од Аеродром, сметаат психолозите.

Доколку знаеме дека младите се огледало на возрасните тогаш треба да се постави прашањето што е тоа наше што ние го гледаме во нив затоа што не може да остане се на едно нивно обележување.

Од социолошки аспект, пак, долгото седење на паметните телефони ја поместува границата меѓу реалното и виртуелното и во еден момент сиот притисок, наплив на електронскиот простор како да се пренесува во една претстава. За жал тие тоа го доживуваат како една игра каде сè се одвива на необичен начин што пак е резултат на образовен систем што потфрла, вели за МТВ универзитетскиот професор Ацевски.

И психолозите и социолозите велат дека децата треба да се едуцираат во семејството, во образованието. Целото општество е одговорно и треба час поскоро да се мобилизира да ги довери ваквите случаи на професионалци кои умеат и можат да работат со младите во вакви конфликтни ситуации за да се насочи енергијата која ја поседуваат на позитивни нешта.

Фиљана Кока