Кров на глава со „Купи куќа, купи стан“
Проектот „Купи куќа, купи стан“ е проект кој ќе им помогне на оние кои немаат доволно средства за свој сопствен дом. Проектот е подеднакво поволен и во двете варијанти, вели вицепремиерот Ставрески...

По 17 години самохраната мајка Александра зачекори во свој сопствен стан. Години наназад со својата малолетна керќа покрив над глава наоѓале под кирија. Не беше лесно да се живее, вели оваа млада жена, која храбро одлучи да купи стан откако слушнала за поволностите на проектот „Купи куќа, купи стан“. Се одлучила за половина рата. Плаќа само 100 евра, останатата половина ја субвенционира државата.
„Премногу сум задоволна од сумата која ја плаќам, заради висината која што ми е одредена по основ на кредитот. Се одлучив за првата варијанта, половина рата. Половина рата плаќа владата, половина јас, и тоа ми е големо олеснување“, вели Александра Манолева.
Проектот „Купи куќа, купи стан“ е проект кој ќе им помогне на оние кои немаат доволно средства за свој сопствен дом. Проектот е подеднакво поволен и во двете варијанти, вели вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески. Со него едно семејството заштедува дури до 14.000 евра во зависност од големината на кредитот. Помошта доаѓа во првите пет години кога е и најтешко да се плаќаат ратите.
„Втора можност е ако граѓанитот сака наместо Владата да му помагне во плаќањето на месечната рата, може да му помогне Владата во делот на обезбедување пари за учество за добивање стенбен кредит. Во тој случај имаме финансиска поддршка која се движи некаде од шест до 12 илјади евра“, изјави вицепремиерот Ставрески.
Дополнително намалените каматни стапки од 3,95 за првите три години и 4,44 за четвртата и петтата година се меѓу најниските на пазарот.
Досега проектот „Купи куќа, купи стан“ го искористија 330 семејства за што беа издвоени 2,5 милиони евра субвенции од државата.
Дијана Ценевска
