Николовски: Нов рекорд во месечната наплата на приходи – во јуни наплатени 12,68 милијарди денари
Во јуни наплативме приходи од 12,68 милијарди денари, со што поставивме нов рекорд во месечната наплата на приходи од основањето на Царинската управа, истакна директорот Бобан Николовски ...
Во јуни наплативме приходи од 12,68 милијарди денари, со што поставивме нов рекорд во месечната наплата на приходи од основањето на Царинската управа, истакна директорот Бобан Николовски на денешната прес-конференција на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, организирана по повод двегодишен отчет од работата.
На месечно ниво, во јуни, наплатата е зголемена за 37,9 милиони евра, што претставува раст од 22,5 проценти во споредба со истиот месец минатата година. На кумулативно ниво, од почетокот на годинава, наплатата на приходи е зголемена за 63,3 милиони евра во однос на лани.
„Ова е историски највисока месечна наплата на приходи, при што е надминато и претходното највисоко остварување од јули минатата година. Ги затегнавме чешмите од сите страни и во континуитет постигнуваме резултати коишто овозможуваат одржлив економски раст“, истакна Николовски, притоа заблагодарувајќи ѝ се на министерката за континуираната поддршка.
