МРТ и Факултетот за музичка уметност потпишаа меморандум за стратешка соработка
Развој на музичката култура, поддршка на младите уметници – МРТ и Факултетот за музичка уметност потпишаа меморандум за стратешка соработка. Јавниот сервис ќе снима и емитува концерти на факултетот, се отвора и за студентска пракса. Откривање, афирмација и поддршка на новите генерации македонски музички творци.

Во време на неквалитетна музика, меморандумот за соработка помеѓу Македонската радио-телевизија и Факултетот за музичка уметност ќе придонесе за идентификација, заштита, дигитализација и промоција на македонската музичка култура и историја.
Станува збор за ансамбли кои постоеле во минатото и ја имаа доминацијата на сцената, но подолго време не постојат, вели Андовска. Со тоа ќе се отворат работни места, искуства за студентите на ФМУ, а преку снимањето на настапите на студентите од страна на МТВ, ќе се овозможи видливост и поширок пласман пред публиката.
МРТ и ФМУ најмалку еднаш годишно ќе реализираат заеднички телевизиски или мултимедијален проект посветен на промоција на најуспешните студенти, млади композитори, инструменталисти и диригенти.
Александра Спировска
