Се испитува техничката исправност на автобусот на ЈСП кој се преврте кај Драчево
Наместо стариот автобус, денеска имаше нова 67-ка. Граѓаните кои секојдневно се возат на оваа линија со поделени мислења за несреќата...

Се уште се утврдуваат причините за превтувањето на автобусот 67 на ЈСП. Се испитува дали возилото било технички исправно. Од обвинителството велат дека ќе информираат по комплатирање на случајот. ЈСП ги чека резултатите од истагата.
Семејството Стојковски од село Покошево се уште се вознемирени од вчерашната автобуска несреќа во Драчево. Поради повредите Живоин денеска не заминал на работа.
„Ногата ми е повредена. Неколку пати ја удрив главата, имам и рана. Рамењата ме болат. Цела ноќ не спиев од стресот“, рече Живоин Стојковски, повреден од автобуската несреќа.
Вели се се случило за неколку секунди. Жена која што била во автобусот сакала да слезе, шоферот закочил.
„Седев напред спроти возачот. Го гледав човекот дека се мачи, со менувачот, Имам повеќе од 20 години искуство. Автобусот не беше исправен. Дали шоферот згреши или некое од тркалата блокираше, не знам“, вели Стојковски.
Наместо стариот автобус, денеска имаше нова 67-ка. Граѓаните кои секојдневно се возат на оваа линија со поделени мислења за несреќата.
Тројца од 49-мината патници се уште се во болница. Останатите полесно повредени полека се враќаат на секојдневните обврски.
Наташа Јанчиќ
