Македонија за прв пат на седница на Советот за безбедност на ОН
Денеска се одржува Советот за безбедност на ОН на кој се формира широка коалиција за борба против тероризмот. За прв пат и македонскиот претседател присуствува на оваа седница на Советот за безбедност.

Синоќа на приемот во чест на шефовите на делегациите кои присуствуваа на Генералното собрание на ОН, претседателот Иванов побарал од американскиот претседатл Барак Обама, поддршка и членство за влезот на Македонија во НАТО.
„Неговиот одговор беше дека Америка продолжува со поддршката и помошта што ја дава во иднина за Македонија, дека може да сметаме на нивната помош и за членството во НАТО“, изјави Иванов за МРТ.
Денеска се одржува Советот за безбедност на ОН на кој се формира широка коалиција за борба против тероризмот. За прв пат и македонскиот претседател присуствува на оваа седница на Советот за безбедност.
Претседателот Иванов во петок ќе има обраќање пред Генералното собрание на ОН.
Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ
