Собрание

Комисиска расправа за ребаланс на Буџетот

03.07.2026 13:26

Вкупните приходи се ревидираат на речиси 380 милијарди денари, во однос на иницијалниот буџет. Даночните приходи се проектирани на 213 милијарди денари...

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет почнува расправата за ребалансот на државната каса за 2026 година. Вкупните приходи се ревидираат на речиси 380 милијарди денари, во однос на иницијалниот буџет. Даночните приходи се проектирани на 213 милијарди денари. Дополнителните средства се наменети за земјоделски субвенции, поддршка на железничкиот сообраќај, спортот, студентскиот и ученичкиот стандард и за дополнителна поддршка за најранливите категории граѓани. Буџетскиот дефицит се ревидира на 46 милијарди денари или 4,1 процент од БДП. Над 54 милијарди денари се наменети за редовно сервисирање на обврските кон странските кредитори, а околу 20 милијарди за отплата на домашниот долг.

Известува Борис Грујоски