УЈП во првата половина од 2026 година бележи значителен раст на наплатата на речиси сите видови даноци
Во периодот јануари – јуни 2026 година, даночните приходи бележат раст од 14,9%, додека приходите од придонеси се повисоки за 7,6% во однос на истиот период во 2025 година...

Наплатата на даноци и придонеси во првата половина од 2026 година достигна 2 милијарди и 271 милиони евра, што е за 231,8 милиони евра повеќе од истиот период лани, соопштуваат од УЈП. Во периодот јануари – јуни 2026 година, даночните приходи бележат раст од 14,9%, додека приходите од придонеси се повисоки за 7,6% во однос на истиот период во 2025 година. Во месец јуни, во кој е забележан значителен раст на остварените приходи од даноци од 41,6%, како и раст на приходите од социјални придонеси од 12,0% во однос на истиот месец од претходната година.
Во првото полугодие од 2026 година по основ на данок на добивка се наплатени 224,5 милиони евра, што претставува раст од 14,5%. Кај данокот на личен доход, наплатени се 285,2 милиони евра, што е 11,7% повеќе во споредба со лани. По основ на ДДВ се наплатени 703,4 милиони евра, или 16,4% повеќе во споредба со минатата година. Стабилна наплата има и кај придонесите, велат од УЈП. По основ на социјални придонеси се наплатени 1 милијарда и 57,7 милиони евра, што претставува раст од 7,6% во однос на истиот период минатата година.
Овие резултати претставуваат потврда за стабилната наплата на јавните приходи, зајакнатата доброволна усогласеност на даночните обврзници и позитивните економски движења. Стабилната наплата на приходите е еден од клучните предуслови за стабилни јавни финансии, навремено сервисирање на буџетските обврски, велат од УЈП.
