Зелените за порадикални мерки против загадениот воздух
Владата донесе низа мерки за заштита од загадувањето и се придржува до нив...
Политичка пресметка и за загадениот воздух..Опозициjата обвини дека најмалата сума во буџетот е издвоена за заштита на животната средина и оттаму можело да се види колкава е грижата на власта...
„Владата да си ги преземе мерките од националнот план бидејќи повеќе од 10 дена грдаот е загаден. Овде што пишува тоа да го направи не да препорачува, да забранува“ - Jани Mакрадули, пратеник од СДСМ
Владата донесе низа мерки за заштита од загадувањето и се придржува до нив , одговара ресорниот министер. Сепак, вели дека загадувањето е комплексен проблем.
„ Најголемите негативни придонесувачи за овој воздух сигурно дека се индустријата, сообраќајот, градежните активности , но во грејната сезона тоа се и домаќинствата и тоа не можеме да го исклучиме“- Абдулаќим Адеми, министер за животна средина и протсторно планирање
Пар – непар денови кога ќе се движат автомобилите, забрана за движење во централното подрачје, бесплатен јавен превоз и запирање на градежните работи во критичните денови . Во период кога воздухот во Скопје е неподнослив, граѓанскиот сектор излезе со конкретни барања.
„ Никогаш до сега не сме имале градежна сезона која трае дванаесет месеци, барем јас по она што се сеќавам градежната сезона завршува во ноември некаде и тоа е тоа... Значи му се дава природно на градот поради метеролошките услови да спадне таа прашина, а возилата се тие кои ја разнесуваат наоколу.“ - Ана Чоловиќ, „Екосвест“
Невладините се критични и кон граѓаните заради, како што велат, нивната неодговорност во целата ситуација.
“Од утре престануваат да важат мерките за заштита од загадувањето. Меѓутоа од Владата посочуваат доколку УХМР покаже дека временските услови ќе се влошуваат, таа ќе оди со порадикални мерки“- Фиљана Кока
Фиљана Кока
Мухамед Незири
