Политика

Потребен е консензус меѓу партиите за Изборниот законик

03.07.2026 17:41

Изборниот законик е добар, вели евроамбасадорот Рокас. ОДИХР и Европската комисија дадоа позитивна оценка. Според Рокас, она што преостана се модалитетите, потребен е консензус меѓу партиите. Премиерот Мицкоски со нов повик до опозицијата за нова средба на која заеднички би се надминале несогласувањата за електронското гласање на дијаспората.

Изборниот законик е добар, добиена е позитивна оценка од Европската комисија и ОДИХР, вели евроамбасадорот Рокас. Тој побара за ова важно прашање, партиите да ги надминат несогласувањата и да постигнат консензус.

Премиерот Мицкоски со нов повик до опозицијата за средба на која заеднички би се надминале несогласувањата за електронското гласање на дијаспората. Според првиот човек на Владата, главна причина за блокирањето на Изборниот законик е страв на опозициските партии од нов изборен пораз.

Социјалдемократите не отстапуваат од црвените линии за електронското гласање на дијаспората. За претседателот на СДСМ, Филипче, е несфатливо зошто начинот би бил различен за граѓаните дома и за тие што живеат во странство.

Левица и СДСМ го блокираа носењето на Изборниот законик со 13.500 амандмани. Најголемиот отпор е за електронското гласање на дијаспората и изборното финансирање.

Викторија Милевска