Македонија

На 13 јули закажана седницата за избор на новите министри

03.07.2026 19:18

На дневен ред на 112. седница на Собранието се три точки – предлог за разрешување членови на Владата, предлог за разрешување на заменици на министри во Владата и предлог за избор на членови на Владата...

Предлогот за разрешување и избор на новите министри пристигна во Собранието. Седницата е закажана за 13 јули.

На дневен ред на 112. седница на Собранието се три точки – предлог за разрешување членови на Владата, предлог за разрешување на заменици на министри во Владата и предлог за избор на членови на Владата.

Пред пратениците ќе се најде предлогот за разрешување на Игор Филков од функцијата министер кој раководи со Министерството за правда, а на негово место се предлага избор на Јетон Шасивари.

На местото на Иван Стоилковиќ, за министер кој ќе раководи со Министерството за односи меѓу заедниците се предлага Агон Ферати.

Стоилковиќ, пак се предлага за министер кој ќе раководи со Министерството за локална самоуправа, на местото на Златко Перински.

За министер кој ќе раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на местото на Цветан Трипуновски се предлага Борче Серафимовски.

Сашо Клековски, е предложен за министер кој ќе раководи со Министерството за здравство, на местото на Азир Алиу.

За министер кој ќе раководи со Министерството за социјална политика, демографија и млади, на местото на Фатмир Лимани, се предлага досегашниот заменик министер Ѓоко Велковски.

Како министер кој ќе раководи со Министерството за култура и туризам на местото на Зоран Љутков, се предлага досегашниот заменик министер Седат Сулејмани.

На месотото на Шабан Салиу, како министер без ресор, се предлага Ерџан Демир.