Собрание

Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот – поднесени над 200 амандмани

04.07.2026 09:24

Комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжува расправата за Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година, кој е во второ читање...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжува расправата за Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година, кој е во второ читање. За документот се поднесени повеќе од 200 амандмани.

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, истакна дека ребалансот не е последица на недостиг на приходи или нарушена ликвидност, туку има цел да ги усогласи буџетските проекции со актуелните економски услови. Според неа, со измените ќе се обезбедат дополнителни средства за редовна исплата на платите во секторите каде што е предвиден раст, поголема поддршка за земјоделството, социјалната заштита и општините, како и повеќе средства за реализација на капиталните инвестиции.

Опозициските пратеници оценија дека предложениот ребаланс не ги решава клучните проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Од друга страна, пратениците од владејачкото мнозинство сметаат дека измените ќе придонесат за зајакнување на економијата, усогласување на буџетот со економските движења и побрза реализација на развојните проекти.