МВР

МВР со голема акција низ државата: 23 приведени и заплена на дрога

04.07.2026 10:30

Министерството за внатрешни работи приведе 23 лица во 10 градови низ државата. Запленети се значителни количини марихуана, кокаин, хашиш и синтетички дроги...

Во координирана полициска акција која била спроведена на 2-ри и 3-ти јули годинава, Министерството за внатрешни работи приведе 23 лица во 10 градови низ државата. Запленети се значителни количини марихуана, кокаин, хашиш и синтетички дроги.

Операцијата опфаќа локации во Скопје, Тетово, Гостивар, Куманово, Крива Паланка, Радовиш, Битола, Ресен, Прилеп и Кичево.

Најмногу приведени има во Скопје, каде што седуммина лица се лишени од слобода.