Нов аларм за кревко примирје на Блискиот Исток
Погребот на ајатолахот Али Хамнеи, нов аларм за кревкото примирје на Блискиот Исток. Илјадници приврзаници му оддаваат последна почит на Ахатолајхот. Техеран на готовс, ги предупреди САД и Израел да се воздржат од напади за време на погребните церемонии. Американскиот претседател Трамп изјави дека на Иран му даваат „една недела одмор за погребот“.

Иран ги почна погребните церемонии за ајатолахот Али Хамнеи. Ожалостените се појавија во големата Мосала во Техеран, каде што се изложени ковчези со телата на иранскиот врховен лидер и неколку членови на неговото семејство. Се очекува поворки да се одржат на повеќе локации во Иран и Ирак до 9 јули.
„Имамот Хамнеи беше нашето срце, нашиот татко, нашето сè. сè уште не можам да верувам дека го убија. Нема да се смириме додека не ја одмаздиме неговата смрт.“, изјави Масума Мохамади – ожалостена
„Се обидуваме да ја завршиме неговата мисија, ќе направиме сè што можеме. Нема да се штедиме.“, изјави Абас Резаи – ожалостен.
Засилени се безбедносните мерки-Иран е на готовс поради какви било напади за време на погребот, каде што се очекува да присуствуваат неколку милиони луѓе. не е познато дали погребот ќе го означи првото јавно појавување на новиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи, откако неговиот татко беше убиен на првиот ден од војната.
„Америка и Израел треба да знаат дека отпорниот народ на Иран е подготвен да се соочи со нив до последниот здив и до последната капка крв, во секој момент и на секое место. Големиот водач на револуцијата, ајатолахот Моџтаба Хосеини Хамнеи, сака народот да биде присутен и ќе застане против нив.“, изјави Голам Хосеин Дабиринеџад – ожалостен
„Нашето непријателство со Америка штотуку започна, дури е поголемо од порано. и со заканите што ги упатуваат сад, луѓе како мене треба да се пријават доброволно и да застанат против нив, пред врховниот водач.“, изјави Махди Бехџати – ожалостен
Тензиите и натаму остануваат високи. Генералот на иранската армија ги предупреди САД и Израел да се воздржат од напади за време на погребните церемонии. Во меѓувреме, американскиот претседател Трамп изјави дека му даваат на Иран „една недела одмор за погреб“.
„Ја победивме Венецуела за еден ден и го нокаутиравме Иран до смрт. Му дадовме една недела одмор за погребот на ајатолахот Хамнеи затоа што сме фини, тоа е вистина.“, изјави Доналд Трамп – претседател на САД.
Иранските власти повторно предупредија – бродовите што минуваат низ Ормускиот теснец да ги почитуваат утврдените поморски рути.
Катерина Бојаџиева
