Се бара државна помош за адаптација на земјоделието на климатските промени
Климатските промени повеќе не се закана на иднината, тие се реалност која дирекно го погодува и земјоделството. Сушите, екстремните температури и непредвидливите временски услови ги намалуваат приносите и го загрозуваат производството на храна.

Ова недела градот го однесе бостанот во подбеласичкиот регион. Освен град во струмичко имаше и силен ветар кој ги уништи пластениците, а поројните дождови донесе разни заболувања. Климатските промени го земаат данокот но земјоделците не го прилагодуваат производството на новите услови.
Едукација и поддршка на земјоделците за адаптација на земјоделското производство на климатските промени. Државата мора да дава средства во таа насока за да можат фармерите сами да ги применуваат новите агротехнички мерки.
Во Општина Ново село формирана е комисија која ќе врши проценка на штетите од градот и силниот ветар заради што земјоделците може да ги пријават оштетените парцели.
Ване Трајков
