инфраструктура

Изградбата на автопатот Охрид–Кичево напредува со силно темпо, вели Мицкоски

04.07.2026 14:14

Првата галерија од вкупно 14-те е целосно завршена и асфалтирана, вистинско инженерско чудо, кое бара врвни градежни решенија, особено поради сложениот планински терен низ кој минува трасата на автопатот, рече Мицкоски...

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево влегува во својата завршна фаза и напредува со одлична динамика, вели премиерот Мицкоски во објавата својот фејсбук-профил. Додава дека првата галерија од вкупно 14-те е целосно завршена и асфалтирана, вистинско инженерско чудо, кое бара врвни градежни решенија, особено поради сложениот планински терен низ кој минува трасата на автопатот.

Додава дека со силно темпо се работи и на тунелите, каде што градежните активности се во самата завршна фаза. Веќе 34 километри од автопатот се ставени во функција со кои постигнавме највисоки стандарди за безбедност и квалитет и кои секојдневно се користат од граѓаните, вели премиерот Мицкоски.