Штип

Ќе се формира специјална единица во рамки на ДЗС

04.07.2026 18:37

Пожари на отворено секој ден. Битката со огнената стихија не престанува. Надлежните велат кадровски и инфраструктурно сме поподготвени од порано, но без совесно однесување на граѓаните пожарите и понатаму ќе бидат наше летно секојдневие.

Вчера имаше пет големи пожари на истокот. Денес сите се изгасени. Спој на електрични кабли, искрење на земјоделската механизација, но и намерно палење се причини за пожарите, вели првиот човек на ДЗС со апел да се пријавува секоја појава која може да резултира со пожар. Гасењето од воздух е најефикасно на пожари на отворено, се планира набавка на нови ер трактори

Дирекцијата има двајца вработени и еден дополнително ангажиран пилот, во постапка е вработување и обука на уште двајца пилоти

Јакнење на доброволното пожарникарство, а се планира нова специјална единица во рамки на ДЗС за ефикасно делување на терен

Поради зголемениот ризик од шумски пожари, од први јули владата прогласи кризна состојба во цела држава. На сила е и целосна забрана за движење во шумските подрачја.

Славица Величковска