Собрание

Продолжува комисиската расправа за ребалансот на Буџетот, државната каса е проектирана да тежи 189 милиони евра

04.07.2026 17:27

Милиони евра на маса, различни приказни во Собранието. Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот. Власта најавува повеќе пари за капитални проекти, опозицијата обвинува дека ребалансот само го открива неуспехот на економските политики.

Ребалансот на буџетот и втор ден ги судри власта и опозицијата. Едните велат повеќе пари за плати, пензии и капитални инвестиции, другите возвраќаат: ребалансот е признание дека првичниот буџет бил нереално испланиран и дека државата се задолжува за да покрива стари долгови а не нови инвестиции.

Добриот буџет не е оној што останува непроменет по секоја цена, добриот буџет е оној што знае да се приспособи на реалноста а притоа да не ја изгуби својата развојна компонента токму тоа го прави овој ребаланс велат од владејачката партија. Тензично околу тоа кога најмногу пораснал јавниот долг и што се случувало со бруто домашниот производ во истиот период.

Од опозицијата обвинија и со зголемување на неформална невработеност.

Од власта велат дека сè уште се сервисираат долговите од претходната влада.

По општата и амандманската расправа во матичната комисија за финансирање и буџет, ребалансот ќе оди на пленарна седница на гласање.

Комисиската расправа за ребаланс на буџетот предвидено е да трае десет работни денови.

 

Ана Јосифоска